Home Актуелно Захариева: Услов за членство во ЕУ е да не се краде историјата на соседите

Захариева: Услов за членство во ЕУ е да не се краде историјата на соседите

Од национален интерес за Бугарија во однос на Република Македонија е да имаме стабилен и безбеден сосед. Државата ќе биде таква, кога ќе стане членка на НАТО и ЕУ, изјави шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.

Захариева рече дека „земјата нема да прави компромиси со условите, што треба да се почитуваат за да станеш дел од целиот преговарачки процес на ЕУ“, пренесе БГНЕС.

– Еден од условите во претпристапниот процес е да имаш добрососедски односи, да не водиш изолациска и националистичка политика, да не ја крадеш историјата на соседите и да не го негираш заедничкото историско минато. Бугарија многу јасно ќе ги постави тие услови, додаде бугарската министерка за надворешни работи.

Извор: Нетпрес

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…