Home Актуелно Харадинај: Нема повлекување на царинските стапки додека Србија не го признае Косово

Харадинај: Нема повлекување на царинските стапки додека Србија не го признае Косово

Стопроцентната царина на производите од централна Србија и Босна и Херцеговина останува на сила додека Србија не ја признае независноста на Косово, изјави косовскиот премиер, Рамуш Харадинај во Приштина.

Во обраќање пред новинарите, Харадинај рече дека царинските стапки ќе останат на сила додека Србија не постигне сеопфатен договор кој подразбира обострано признавање, пренесе „Калитал.ба“.

Тој ја отфрли можноста Брисел во рамки на дијалогот да го разгледа барањето на Србија за царинските давачки, без оглед на ставот на Србија дека дијалогот нема да продолжи додека Приштина не ги укине таксите.

Стопроцентната царинска стапка на производите од Србија и Босна и Херцеговина беше воведена на крајот на ноември минатата година. По таксите од 100 проценти на производите од Србија и Босна и Херцеговина, Косово планира и казнени мерки кои се однесуваат на производите од централна Србија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…