Загина на снимањето на серијата The Walking Dead


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Каскадерот Џон Бернекер смртно настрада за време на снимањето на серијата The Walking Dead откако падна на бетонскиот под од 6 метри висина.

Бернекер почина како последица на тешки повреди со кои се здоби после паѓањето од шест метри висок балкон. Несреќата се случи во вторникот, а 30-годишниот каскадер почина еден ден подоцна.

Џон учествуваше во снимањето на филмови како The Fast and The Furious и Get Hard, а требаше да учествува и во снимањето на најавените филмови Rampage и Black Panther. Имаше и помали улоги во Logan и The Last Witch Hunter.