Заев е убеден дека ќе го победат Димитриевски – СДСМ не се повлекува од трката за градоначалник во Куманово


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


СДСМ не се повлекува од трка на локалните избори за градоначалник во Куманово и премиерот Зоран Заев е убеден дека ќе го победат независниот кандидат за градоначалник, Максим Димитриевски кој беше исклучен од СДСМ.

-СДСМ ќе го победи Максим Димитриевски во Куманово. Навистина дури не знам од каде вакво прашање, изјавил Заев за „Фокус“, на прашањето дали за втор круг ќе се повлечат од трката и сепак ќе го поддржат Димитриевски.

Професорката Мирјана Најчевска вчера испрати неколку пораки до СДСМ, односно што треба партијата да направи за да си ги врати гласовите во вториот круг. Според нејзе, граѓаните треба да побараат СДСМ до 31 октомври, односно на денот на вториот круг на изборите, да се повлече од изборната трка во Куманово и да го прифати изборот на Максим Димитриевски за градоначалник. Ова беше само една од препораките на Најчевска.

На вчерашната дебата на ТВ 24 на која учествуваа Димитриевски и кандидатот на СДСМ за Куманово, Оливер Илиевски, беше поставено прашањето што ако Заев му се јави на Димитриевски и му рече тој всушност да биде кандидатот на СДСМ, а Илиевски да се повлече.

Димитриевски рече дека ова прашање треба да му се постави на Заев, но порача дека пред да му се јави треба да се извини на целата македонска јавност и нему за сите невистини што ги кажал за него. Илиевски пак рече дека никогаш од ништо не се откажал, дека бил трпелив до крај и дека така ќе биде и во овој случај.

Димитриевски пак во интервју за „Фокус“ кажа дека му се јавил на Заев дека ќе настапува независно уште пред да соопшти во јавност. Сепак тој беше исклучен од партијата, a од СДСМ тврдеа дека се самоисклучил.