Бројот на починати како последица од Ковид-19 во Македонија надмина 7.000 лица


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Досега во Македонија се направени вкупно 1.354.533 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.646 бројката на оздравени пациенти е 185.660, на починати е 7.012, а бројот на активни случаи изнесува 5.974.

Во средата беа регистрирани 490 нови случаи на ковид-19 и 201 оздравен пациент.

Најмногу активни случаи има во Скопје и тоа 3.008, а најмалку во Демир Капија, односно само 1 случај на ковид-19.

Деновиве започна и скринингот во училиштата каде се тестираат ученици од средните и основните училишта. За сега нема ниту еден позитивен ученик, односно не е детектиран ниту еден асимптоматски случај на ученик.