Заборавете на МСН – Реал прави трио од соништата!

Како што пренесуваат шпанските медиуми, Реал Мадрид сигурно на лето ќе донесе еден врвен напаѓач на „Сантиаго Бернабеу“, а Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед е само една од четирити опции.

Меѓу останатите со „кралскиот“ клуб се поврзуваат уште и Килијан Мбапе, Пјер Емерик – Обамејанг и напаѓачот на Торино Андреа Белоти. Медиумите тврдат дека на овој начин Реал ќе и одговори на Барса за напаѓачкото трио Меси – Нејмар – Суарез.

Во случајот со Мбапе, Реал има адут во ракавот за да ја победи конкуренцијата, а тоа е Зинедин Зидан, кој може да го убеди својот сонародник да се пресели во Мадрид.

Притоа, „кралевите“ на лето ќе направат мини-реконструкција на тимот. Сигурно ќе пристигне нов голман, а прва желба е Давид де Геа.

Ќе биде доведен и еден дефанзивец, а како најсериозни кандидати се Никлас Отаменди и Матео Мусакио.

Што се однесува до средниот ред главни кандидати се Еден Азар од Челзи и Верати од ПСЖ.