За неа си ги остави жената и децата, а таа „му удри клоца“ – бил штетен за нејзиниот углед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


33-годишната актерка Мери Елизабет Винстед, после неколку месеци љубовна врска, раскина со 13 години повозрасниот славен актер Јуан МекГрегор, кој поради неа ја остави претходната сопруга Ева Мавракис со која беше во брак 22 години.

Врската меѓу Мери Елизабет и Јуан започна за време на снимањето на серијата Fargo, но бидејќи немаше медиум кој не пишуваше за неговото неверство кон сопругата, Винстед одлучи дека таквата врска за нејзиниот имиџ е повеќе штетна отколку корисна.

A post shared by @celebs_screenshots on

„Не сака да биде етикетирана како растурачка на бракови, избра погрешен момент за љубовна врска. Јуан и неговата сопруга пред една година беа во одлични односи, па тој сето тоа го отфрли само поради Мери Елизабет. Сега ја загуби и неа“, вели извор за Daily Mail.

МекГрегор минатиот месец доби Златен глобус за најдобар актер за улогата во серијата Fargo, а во својот победнички говор им се заблагодари и на љубовницата и на бившата сопруга.

„Сакам да се заблагодарам на Ева која беше покрај мене 22 години и нашите деца“, изјави МекГрегор, а во продолжението на говорот ја спомена и Мери со која ја изневеруваше сопругата и поради која реши да се разведе.