Home Спорт Реал Мадрид го договори првото засилување и го ИЗНЕНАДИ целиот свет

Реал Мадрид го договори првото засилување и го ИЗНЕНАДИ целиот свет

Во Реал Мадрид веќе работат на летните засилувања, а според весникот „АС“ веќе е договорено првото летно засилување.

Шпанскиот гигант ќе ја искористи опцијата да го врати играчот за врска на Ајнтрахт, Омар Маскареј.

Маскареј кој е роден во Тенрифе е дете на Реал Мадрид, но успеа да запише само еден натпревар за првиот тим во Примера. Потоа беше позајмен во Дерби Каунти и Спортинг Хихон, а во 2016 година беше продаден на Ајнтрахт за 1 милион евра.

Меѓутоа, во неговиот договор има клаузула според која Реал Мадрид ќе може да го врати за само 4 милиони евра. Маскареј ова сезона игра фантастично, па „кралевите“ се одлучија да го вратат на „Сантиаго Бернабеу“.

Зинедин Зидан сака да му даде шанса во тимот, но не е исклучено Шпанецот веднаш да биде препродаден за поголема сума бидејќи за него интерес покажуваат многу клубови од Германија и Англија. Неговата пазарна вредност во моментов изнесува помеѓу 15 и 20 милиони евра, па „кралевите“ ќе можат да заработат повеќе од 10 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…