За 24 часа Фејсбук отстранил 1,5 милиони снимки од нападите во џамиите во Нов Зеланд


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во првите 24 часа по случувањето на терористичките напади во две џамии во Нов Зеланд, социјалната платформа Фејсбук отстранила 1,5 милиони постирани снимки од нападите кои ги објавувале корисници.

Од Фејсбук, платформа која има над 2 милијарди корисници, истакнаа и дека ги отстраниле и сите едитирано верзии на оригиналната снимка кои во себе немаат вознемирувачка содржина.

Новозеландската премиерка Џасинда Ардерн порача денес дека сака расправа за „стримингот“ во живо на таа социјална мрежа. Ардерн кажа дека оперативната шефица на Фејсбук, Шерил Сендберг, го изразила своето сочувство за нападот врз двете џамии во кој загинаа 50 луѓе, а некои делови од нападот беа во живо пренесувани на социјалната мрежа.

„Ми се јави Шерил Сендберг. Не разговарав со неа директно но ни се јави, изрази сочувство за тоа што се случи на нов Зеланд“, кажа Ардерн на прес-конференција.

На прашањето дали Фејсбук треба да го оневозможи стримувањето видеа во живо, таа одговори: „Ова е проблем за кој ќе расправам директно со Фејсбук“