За 15 години во Британија нема да се продаваат возила на фосилни горива


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Велика Британија очигледно е одлучна во намерата драстично да го намали загадувањето на воздухот и емисиите на издувни гасови, па еден од проектите наменети за таа цел го забрзуваат за цели пет години порано отколку што беше објавено.

Британската Влада првично имаше намера да воведе забрана за продажба на автомобили на погон на фосилни горива до 2040-тите. Сега самиот премиер го скрати тој рок за уште пет години, велејќи дека во најавата на Самитот на ООН за климата со ЕУ во ноември во Глазгов дека автомобилите со фосилни горива ќе бидат забранети уште во 2035 година. Притоа, Британците одат чекор понапред и прават се од себе за да го постигнат планот за емисија на нула гасови со ефект на стаклена градина до 2050 година. И тоа значи да се отстранат класичните возила од британските патишта уште во 2035 година, што е многу оптимистично со оглед на сегашната состојба.

Да потсетиме дека Ирска реши да ја воведе истата забрана, уште порано , за 2030 година. Носител на рекордот е Норвешка, која има план да постигне нула емисија на стакленички гасови на своите патишта уште во 2025 година.