Облачен, студен и ветровит четврток


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој февруарски четврток во Македонија носи променливо облачно, студено и ветровито време.

Претпладне на места сѐ уште ќе има врнежи од снег со послаб интензитет и ќе има појава на голомразица. Ќе дува повремено силен ветер (60 до 80 км/час) кој ќе предизвика појава на снежни наноси.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 2 Целзиусови степени, Маврово -6, Охрид и Битола 0, Крива Паланка и Берово -2, Кавадарци 3, Дојран 5 степени.

Утре ќе имаме променливо облачно и студено време со умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во текот на ноќта во северните делови ќе провејува снег.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 2, Маврово -5, Охрид 2, Битола 0, Кавадарци 5, Крива Паланка и Берово -1, Дојран 8.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно и студено со слаб до умерен северен ветер, а од недела се очекува сончево време со умерена облачност и температури од 3 до 10 степени.