Ново рочиште за „Рекет“ – денес во судот ќе се презентираат снимките од Ла Верита


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес, во скопскиот Основен кривичен суд, во рамки на новото рочиште од судскиот процес за случајот „Рекет“, кој се наоѓа во доказна постапка, треба да се продолжи со презентирање докази, а на ред се снимки доставени од сведокот Јордан Камчев во Обвинителството.

На минатото рочиште беа презентирани фотографии од предмети одземени при претресот на домовите и работните простории на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, како и од претресот на домот на Зоран Милевски-Кичеец, кој призна вина.

Случајот го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милевски.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело”, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание”. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.

Прочитајте и… Адријан Муча во „Скопски агол“: На местото на депонијата во Карпош 4 ќе се гради трет дел на Градски парк
На првото рочиште за „Рекет”, што се одржа на 3 декември, третообвинетиот Зоран Милевски-Кичеец призна вина, по што беше осуден на три години затвор.