Home Актуелно Вреќи со пастрмка откриени на брегот од Охридското езеро кај Пештани

Вреќи со пастрмка откриени на брегот од Охридското езеро кај Пештани

Во близина на селото Пештани, на брегот од Охридското езеро, од страна на полициските служби биле откриени две вреќи со 52 парчиња пастрмка, 11 риболовни мрежи и друг риболовен прибор.

„На 4 февруари при преземање мерки за откривање на сторители кои вршат незаконски риболов, полициски службеници од СВР Охрид во близина на село Пештани, до брегот на Охридското Езеро, пронашле и одзеле две вреќи со 52 парчиња уловена риба пастрмка, 11 риболовни мрежи и друг риболовен прибор“, соопшти полицијата.

Сторителите засега се непознати, а рибите се предадени во Хидробиолошки завод Охрид.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…