Ново рочиште за „Рекет“: Камчев со повеќе камери ги снимал Боки и Кичеец


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


На денешното судско рочиште за „Рекет“, во судницата беа пуштани снимките на кои беа снимени двајцата обвинети во случајот, Бојан Јовановски и Зоран Милески Кичеец.

Бојан Јовановски – Боки 13 на почетокот на денешното рочиште побара одложување поради здравствени причини. Тој се пожали на болки и кажа дека има рак на желудник. Судијата му одговори дека ќе повика итна помош, на што Јовановски рече дека не сака бидејќи тие само ќе му дале дијазепам и потоа нема да може да го следи судењето. Судијата, сепак, реши судењето денеска да продолжи.

Пред почетокот на рочиштето, Јовановски на висок тон се обрати кон обвинителката Вилма Русковска по што обезбедувањето реагираше и го изнесе од судница. Отакако ситуацијата се смири, а судечкиот совет влезе во судницата, Јовановски беше вратен, а рочиштето почна. На него се презентираа снимките од домот на Јордан Камчев снимени од неколку различни камери во неговата куќа на која се гледаат Јовановски и Милевски. Истите снимки јавноста можеше да ги види и во објавата на италијанскиот медим Ла Верита.

Зоран Милески, сега веќе осудениот во случајот „Рекет“ во снимките од безбедносните камери кои се земени од домот на Орце Камчев на 20 февруари лани се гледа како излегува од куќата на семејството Камчеви. По некое време се враќа во куќата заедно со Бојан Јовановски. Во друга снимка се гледа како Милески и Јовановски ја напуштаат куќата со торби, а зад нив оди сведокот Јордан Камчев.

Според обвинението поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, прво осомничениот Јовановски и Зоран Милевски се здружиле за да му земаат пари на Камчев во замена за олеснителни околности во предметот кој тогашното СЈО го водеше за него. Милевски на првото рочиште ја прифати вината и доби три години затворска казна.

На минатото рочиште беа презентирани фотографии од предмети одземени при претресот на домовите и работните простории на обвинетите Јовановски и Јанева, како и од претресот на домот на Милевски.