Вујовиќ по натпреварот: Изгледа дека и по 43 години во ракометот не ги знам правилата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија славеше во вчерашниот натпревар против Словенија и така со победа (25:24) го започна Европското првенство во Хрватска.

Мора да истакнеме дека нашите момци ја совладаа репрезентацијата која на последното Светското првенство стигна до третото место, а стратегот на Словенците, Веселин Вујовиќ по натпреварот беше револутиран на судењето.

„Морам да признаам дека по 43 години во ракометот и понатаму не ги знам ракометните правила. Не ги познавам судиските критериуми и не знам зошто во поголемиот број случаи беа исклучени моите ракометари. Имавме еден гол предност во вториот дел, а тогаш ни беше исклучен ракометар на другата страна и никој не знае зошто. Ги прашав делегатите поради кого се игра оваа игра, поради гледачите и ракометарите или поради нив кои одлучуваат за се“, изјави Вујовиќ кој потоа сепак ја критикуваше и својата екипа.

„За нас ова беше лош натпревар. Не ја видов онаа сила, онаа моќ, дрскост и безобразул на моите ракометари. Го покажаа тоа 15 минути во вториот дел, но тоа беше се, едноставно вака не можеш да играш на едно големо натпреварување“, заврши Вујовиќ.