Врвот на среќата го доживуваме два пати во животот – еве во кои години


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Истражувањето во кое учество зедоа 23.000 Германци на возраст од 17 до 85 години открива податоци кои упатуваат на некаков (релативен) факт за тоа во кои години од животот луѓето се најсреќни.

Студијата направена од страна на Centre For Economic Performance сместен во Лондон, ги испитуваше испитаниците во истражувањето колку во тие моменти од животното доба се задоволни од својот живот и што мислат, колку ќе бидат задоволни за пет години. Потоа, пет години подоцна, истите испитаници повторно одговараа на истите прашања и го опишуваа својот степен на задоволство од животот.

„Студијата покажа дека среќата следи крива во форма на буквата U. Краевите на буквата ги покажуваат врвовите на среќа кои луѓето ги доживуваат два пати во животот – на 23 и на 69 години“, откриваат истражувачите од студијата.

„Изгледа дека забавните рани дваесетти години од животот, кога сте на самиот почеток од влегувањето во светот на возрасните и почнување на некаква кариера, можат да се мерат само со веселото одење во пензија, кога после години и години работа, најпосле добивате време за одмор и се посветувате само на вашите лични интереси“, тврдат истражувачите.

Тие сметаат дека во годините помеѓу двете животни врвичности на среќата влијае стресот поврзан со работата, формирањето и грижата за семејство и финансиските потешкотии.