Актуелно

Amazon гази: Повторно највредна компанија на светот според пазарна капитализација

Уште еднаш, според пазарната капитализација, американскиот гигант „Amazon“ го надмина „Microsoft“ и повторно стана најскапата компанија на светот, пренесува Bloomberg.

Капитализацијата на Amazon e 797 милијарди американски долари при раст на акциите од 3,4 отсто, додека корпорација Microsoft, чини 789 милијарди долар, а нејзината акција порасна за 0,1 отсто. Третата позиција според капитализацијата ја зазема Alphabet, во којашто влегува корпорацијата Google со пазарна вредност 745 милијариди долари, а на четврто место е Apple која е проценета на 702 милијарди евра.

На 2-ри јануари Apple објави податоци за првиот финансиски квартал од фискалната година кој заврши на крајот од минатата година. Прогнозата а добивките за овој период беа напамени од 89 до 93 милијарди до 84 милијарди долари. Тоа предизвика кус пад, од 7,7 отсто под акциите на компанијата на берзата. Поради тоа, пазарната капитализацијата на Apple се спушти на 700 милијарди долари. Во август минатата година пазарната капитализиција на компанијата надмина 1.000 милијарда долари, но потоа се врати на состојбата од средината на декември 2017 година на малку повеќе од 800 милијарди евра.

На почетокот од септември 2018 година интернет продавницата Amazon стана втората американска компанија во историјата со пазарна вредност поголема од илјада милијарди долари, откако цената на нејзините акции се удвои последниот дванаесетмесечен период, поттикната од зголемените приходи од малопродажбата и работата во компјутерските „облаци“. Тогаш цената на акцијата на Amazon на Волстрит порасна за речиси 2 отсто на рекордните 2.050 долари, па пазарната вредност на овој гигант во интернетската трговија надмина 1.000 милијарди долари. Меѓутоа, подоцна се спушти под ова ниво. Технолошката компнија Apple до ова ниво стаса на почетокот од август кога стана првата компанија во САД.

Првпат Amazon го надмина Microsoft според пазарната вреднос во февруари 2018, а потоа тоа го стори и во дкекември. Основана во 1994 година, Amazon во моментов е најголемата онлајн продавница на светот. Нејзиниот главен извршен директор Џеф Безос, е најбогатиот човек на светот, со нето вредност на капиталот поголем од 160 милијарди долари во рангирањето на магазинот Forbes. Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, пак, е второрангиран.

Во Аmazon се вработени повеќе од 575.000 луѓе ширум светот, а дава логистичка, магазинска, позајмувачка и продажна пларформа за стотици илијади независни трговци. Преку многу исплатливото „клоуд“ работење Amazon е глобален лидер во индустријата.

Инаку досега во историјата единствена компанија во светот чијашто капитализација достигна трилион долари беше кинескиот нафтен концерн „Petrochina“. На 5-ти ноември 2007 година оваа компанија ги повлече своите акции од Шангајската берза. Благодарение на ткн агиотажна побарувачка, капитализацијата на компанијата за неколку дена достигна трилион долари, но набрзо започна остро да опаѓа. Веќе по една година, во ноември 2008 година, вклучувајќи ги последиците од глобалната финансиска криза, „Petrochina“ чинеше пет пати помалку – 200 милијарди долари. Во моментов, пак, нејзината капитализација изнесува 196 милијарди долари.

Најпопуларно

To Top