Врски и врски: Навики за кои мислиме дека се токсични, но всушност се здрави

Врски и врски: Навики за кои мислиме дека се токсични, но всушност се здрави

Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Иако на прв поглед не изгледаат така, некои навики во љубовните врски влијаат врската да биде посилна и поздрава.
Успешните врски и бракови, според истражувањата, се засноваат на разбирање и прифаќање на фактот дека конфликтот понекогаш е неизбежен, дека одредени карактеристики на партнерот нема да се променат и дека има работи за кои не се согласуваме.

Луѓето имаат тенденција да фантазираат за „вистинската љубов“, но вистината е дека секоја љубовна врска понекогаш бара од нас да прифатиме работи што не ги сакаме.

Како што велат експертите, понекогаш обидот да се реши некој проблем всушност може да создаде неколку нови. Некои битки едноставно не вредат за напор, а стратегијата во тој случај е едноставна: живеј и пушти да живееш. (Прочитајте исто така… Токсичните врски влијаат на здравјето и ја уништуваат самодовербата)

Здрави навики во врска кои се навидум токсични

Брутална искреност

Секоја квалитетна врска се заснова на искреност, дури и кога боли. Многу парови избегнуваат да бидат искрени со партнерот од страв да не ги повредат своите чувства.

Подготвеност за раскинување

Луѓето ги идеализираат врските и се плашат да ја прекинат врската, дури и кога тоа не им оди. Ако сте подготвени да ја прекинете врската, разбирате дека понекогаш тоа е најдобрата опција.

Ве привлекуваат други луѓе

Иако нашиот мозок ни кажува дека имаме очи само за партнерот, биологијата го кажува токму спротивното. Сосема е природно некој друг да ни „фати око“, но тоа не значи дека и ние треба да реагираме. Ако некој ви се допаѓа физички, не мора да се чувствувате виновни.

Време за себе

Ова во никој случај не е токсична карактеристика на здрава врска, напротив! На секој му треба време за себе. Како пар, не мора да одите секаде и цело време заедно.

Прифаќање на недостатоци

Секој човек има недостатоци и не можете да присилите некого да се промени. Треба да ги прифатите и цените недостатоците на партнерот бидејќи љубовта се мери според чувствата што ги имате кон тие недостатоци. Прифаќањето на несовршеностите на другите е показател за вистинска интимност.