Временска прогноза за првиот октомвриски ден


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Први октомври во Македонија носи сончево време со умерена облачност. Во западните делови повремено значително облачно со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 11, а дневната од 15 до 26 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 23 степени. Маврово 15, Охрид 19, Битола 21, Кррива Паланка и Берово 18, Кавадарци 24, Дојран 26.

До недела ќе преовладува стабилно време. Од петок ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец што ќе предизвика пораст на температурите. Од понеделник ќе се зголемуваат условите за локална нестабилност.