Home Актуелно Временска прогноза за првиот декемвриски понеделник

Временска прогноза за првиот декемвриски понеделник

Денес, 2 декември, во Македонија времето ќе биде сончево со умерена облачност. По одделни котлини ќе има појава на утринска магла. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Дневните температури ќе достигнат во Скопје 8 Целзиусови степени, Маврово 5, Охрид и Кавадарци 10, Битола 9, Крива Паланка 8, Берово 7, Дојран 12.

Утре ќе имаме претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините со повремен снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите кон крајот на денот ќе преминуваат во снег и на повисоките места во северните делови. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе бидат во Скопје 5, Маврово 3, Охрид и Кавадарци 8, Битола 7, Крива Паланка и Берово 4, Дојран 10.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…