Враќањето на легендарната Буба – со нов формат и намена


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Култното семејно возило „Буба“ на автомобилскиот гигант Фолксваген по втор пат замина во историјата откако неодамна беше прекинато обновеното производство на славниот модел. Но, сега легендарната „бубачка“ се враќа во нов формат и со малку поразлична намена (превозна, но не семејна).

Инспирацијата од легендарната „Буба“ беше огромна за Брент Валтер кој ги искористил крилата на „бубачката“ како каросерија за своите мини мотоцикли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brent Walter (@walter_werks) on

На основната конструкција на овие мали мотоцикли со мотор од 79 кубни сантиметри, е додаден елемент составен од предното и задното крило на бубата.

Крилата се исечени на средина и заварени, а фарот на бубата е задржан како предно светло на мотоциклот, а штоп светлото стана задно светло на моторот.