„Враќање во нормала“ на македонски начин – корумпирани сме до самата срж!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од организацијата Охрид SOS алармираат за старо-нова, градежна измама која се врши на брегот на Охридското Езеро, под самиот манастир Свети Јован Канео. Еве ја нивната Фејсбук објава интегрално, во изворна форма.

ВРАЌАЊЕ ВО НОРМАЛА?!

Дека сè беше една голема претстава, дека се само големи лицемери и глумци, дека Општина Охрид и Влада на Република Северна Македонија ја лажат и светската организација и домашната јавност, покажува и оваа обратна акција, на враќање во претходна состојба на платформата во Канео. Привремено демонтирана, пред новата летна сезона, полека се подготвува инфраструктурата за нови потенцијални гости. Бидејќи профитот е побитен од природното и културно светско наследство.

Некој ги посоветувал привремено да ги отстранат штиците од металните конструкции пред доаѓањето на Реактивната мисија на UNESCO, International Council on Monuments and Sites (ICOMOS) и IUCN. Секоја штица е обележана со број, знеаејќи дека штом мисијата ќе замине, за брзо ќе си се вратат на старото место. Тоа и се случи.

Нормално, како што и се навикнати, ќе излезат со изјава Edmond Ademi, Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид, Oliver Spasovski и други институции и носители на јавни функции, па прстот ќе го вперат во лицата кои стопанисуваат со плажата, на нивното самоволие и непочитување на законите, со „ветување“ дека уште веднаш ќе се отстрани целата конструкција. До кога вака? Секој ден само испливуваат еклатантните примери на вашата неспособност и корумпираност. Наместо да сте регулатор, треба да ве регулираме секој еден момент, бидејќи сте спремни на сè.