Home Актуелно Среда носи променливо и топло време

Среда носи променливо и топло време

Оваа мајска среда во Македонија носи променливо облачно и топло време. Претпладне со повеќе сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој кон крајот на денот вдолж Повардарието ќе се промени во северен.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 29 Целзиусови степени, Маврово 22, Охрид 25, Битола 30, Крива Паланка 26, Берово 25, Кавадарци 30, Дојран 31.

И утре времето ќе биде претежно облачно и значително посвежо со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува силен северен ветер. Дневните температури ќе се движат од 14 до 23 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…