Возот Белград-Скопје-Солун се враќа на шините – еве ги понудите и за Белград, Загреб и Љубљана


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во известувањето кое го дава Македонски железници стои дека од 1 јуни се враќа во сообраќај меѓународната линија која сообраќа од Солун за Белград преку Скопје, а од 2 јуни и во обратен правец.

Ве известуваме дека од 01.06.2017 година се воспоставува редовната меѓународна линија со воз на релација:

-Солун-Скопје-Белград, на ден 01.06.2017 воз бр. 334 тргнува од станица Скопје во 22.19 во станица  Белград  пристигнува на 02.06.2017 во 7.46.

– Белград-Скопје-Солун, на ден 02.06.2017 воз бр. 335 тргнува од станица Белград во 18.35 во станица Скопје пристигнува на ден 03.06.2017 во 4.20, од Станица Скопје истиот воз тргнува во 4.45 во станица Солун пристигнува во 10.21 (грчко време).

Се известуваат патниците дека со возниот ред од 2016/2017 година МЖ Транспорт АД-Скопје воведува дисконтни специјални цени за следните релации:

Понуда Србија/Македонија Специјал

Скопје-Белград Специјал во еден правец 13,80 ЕУР или 855,00 денари;

-Скопје-Белград-Скопје Специјал повратен билет 27,60 ЕУР или 1709,00 денари;

-Скопје-Ниш Специјал во еден правец 6,90 ЕУР или 428,00 денари;

-Скопје-Ниш-Скопје Специјал повратен билет 13,70 ЕУР или 849,00 денари;

(Рок на важење на оваа понуда е 15 дена во еден правец и 1 месец за повратно патување)

Понуда Хрватска/Македонија Специјал

Скопје-Загреб Специјал во еден правец 29 ЕУР или 1,796,00 денари;

-Скопје-Загреб-Скопје Специјал повратен билет 59 ЕУР или 3,653, 00 денари;

(Рок на важење на оваа понуда е 4 дена во еден правец и 1 месец за повратно патување)

Понуда Словенија-Македонија Специјал

Скопје-Љубљана  Специјал во еден правец 37,50 ЕУР или 2,322,00 денари;

-Скопје-Љубљана-Скопје Специјал повратен билет 75 ЕУР или 4,643,00 денари;