Славни

Сопругот од премиерот на Луксембург се дружеше со сопругите од НАТО лидерите

Сопругот на премиерот на Луксембург Гзавие Бетел позираше на фотографирањето со сопругите и девојките на останатите лидери на НАТО.

Готје Дестенеј, за време на самитот на НАТО во Брисел се дружеше со првата дама на САД, Меланија Трамп, на Франција Брижит Троњо и со останатите жени, додека нивните сопружници учествуваа на формалниот дел од самитот.

Првиот господин на Луксембург, кој што се венчаше со премиерот Бетел во 2015. година, позираше со жените во четвртокот вечерта, а потоа сите заедно заминаа на вечера резервирана за сопругите на светските лидери.

Облечен во црно одело, со сива кравата Дестенеј се истакна помеѓу гламурозно облечените сопруги.

Според пишувањата на светски медиуми, сопругата на Реџеп Тајип Ердоган, конзервативната муслиманка, Емина Ердоган не изгледала воопшто задоволно за време на фотографирањето и вечерата.

To Top