Возниацки отворено говореше за борбата со тешката болест која ѝ беше дијагностицирана во 2018


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Бившата данска тенисерска ѕвезда, Каролин Возниацки, зборуваше за нејзината борба со ревматоидниот артритис, тешка автоимуна болест, која ѝ биеше дијагностицирана во 2018 година.

Поранешната тенисерка број еден во светот вели дека нејзината состојба се влошила толку многу што не можела да стане од кревет без помош на сопругот.

Поради дијагнозата, победничката на Австралија опен 2018 морала да се повлече од тениските терени на само 29 години. „Бев на врвот на мојата кариера во 2018 година кога ми дијагностицираа ревматоиден артритис“, рече таа за Билд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caroline Wozniacki (@carowozniacki)

„Го освоив Австралија опен претходно истата година. Требаше да биде мојата златна година”.

„Во пресрет на УС Опен, почнав да чувствувам болки во зглобовите, постојан замор и други необјаснети симптоми. Ги губев натпреварите што требаше да ги добијам”, рече таа.

Вели дека ненадејниот пресврт во нејзината кариера ја натерал да размисли и да се преиспита, па решила да им помогне на другите луѓе со хронични воспалителни проблеми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Caroline Wozniacki (@carowozniacki)

„Еден ден се разбудив со толку силна болка што мојот сопруг мораше да ме извлече од креветот. Едноставно не можев да го мрднам телото. Веднаш побарав медицинска помош и тоа беше почетокот на моето патување до дијагнозата”.

„Не можев да ги кренам рацете и рамената, лактите, тупаниците и стапалата ме болеа“, објасни таа. „Тешко ми беше да ја четкам косата и да станам од креветот.

Иако беше врвна спортистка со пристап до најдобра медицинска нега, биле потребни неколку месеци за да добие точна дијагноза.

Возниацки сега сака да биде позитивен пример за другите кои се борат со слични здравствени проблеми.