Home Вебкафе Воспитувачка од пеколот клоца петгодишно дете на подот (видео)

Воспитувачка од пеколот клоца петгодишно дете на подот (видео)

Воспитувачката во една градинка во сојузната американска држава Канзас, Кристал Смит, беше фатена на видео како најпрвин со рака го тепа, а потоа го клоца и со нога едно петгодишно девојче кое се криело во полиците од библиотеката.

Веднаш штом ова страшно видео се појавило во јавноста воспитувачката моментално добила отказ.

Кога мајката на девојченцето дошла по својата ќерка во градинка, малото девојченце се раскажало.

„Не ја сакам оваа воспитувачка, навистина е лоша. Ме удри“, раскажала ќерката на мајката.

Мајката инаку, забележала црвенило на рацете на својата ќерка што многу ја налутило и веднаш кај директорката на градинката ја пријавила воспитувачката. Таа веднаш се обидела вината да ја префрли на детето.

„Не сум изненадена што има модринки. Влезе во полицата и најверојатно сама се удрила. И мене ме удри неколку пати“, изјавила воспитувачката во својата одбрана.

Но, лутата мајка веднаш ги побарала снимките од камерите, кои ја откриле вистината.

Load More Related Articles
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Јапонска работа

Чистење на најточниот и најбрз воз од легендарната јапонска железничка мрежа Шинкансен. На…