Home Спорт Водачот на навивачите на Лион му залепи шамар на навивачот кој го погоди Паје со шише (снимка)

Водачот на навивачите на Лион му залепи шамар на навивачот кој го погоди Паје со шише (снимка)

Ѕвездата на Марсеј, која во август се караше со навивачите на Ница, Димитри Паје сега беше погоден со шише на натпреварот против Лион.

По само две минути игра во дербито меѓу Лион и Марсеј се случи хаос поради кој мораше да биде прекинат натпреварот, откако Паје доби шише в лице.

Нема сомнеж дека Лион го чека голема казна поради неодговорниот навивач, па стадионот сигурно ќе биде заклучен на некое време, а се споменуваше и можност Лион да го игра мечот на неутрален терен.

Тоа очигледно не му се допадна на лидерот на навивачот на Лион, кој му „залепи“ жестока шлаканица на хулиганот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…