Во Шпанија сигурни: Познато кога Нејмар ќе се пресели во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Минатата недела светските медуми пласираа вест дека ПСЖ е само минлива станица во кариерата на Нејмар и дека неговиот нареден клуб ќе биде Реал Мадрид.

Последните информации од шпанските медиуми тоа и го потврдуваат, „Дон Балон“ пренесува дека веќе е познат и моментот кога Нејмар од Париз ќе се пресели на „Сантиаго Бернабеу“.

Имено, таткото на Нејмар, кој воедно е и негов агент имал состанок со Флорентино Перез на кој била одлучена иднината на барзилската ѕвезда.

Нејмар и неговиот татко имаат јасни намери – доколку за две сезони во ПСЖ не ја освои „Златната топка“ и Лигата на шампиони, ќе се пресели во Реал.

Значи, Нејмар би требало да премине во Реал во сезоната 2019/20 – која е всушност и последна сезона во договорот на Кристиано Роналдо. Всушност, Бразилецот ќе дојде на „Сантиаго Бернабеу“ како замена за Португалецот и ќе биде нов лидер на „кралевите“.

Овие информации можат да му направат проблем на Нејмар во Париз, но јасно е дека ќе ги налути и фановите на Барса кои не сакаат да го гледаат Бразилецот во дресот на големиот ривал.

Дали ќе бидеме сведоци на ново „предавство“?