Home Актуелно Во само еден ден регистрирани над 20.000 новозаразени од коронавирусот во светски рамки

Во само еден ден регистрирани над 20.000 новозаразени од коронавирусот во светски рамки

Во последниве 24 часа бројот на официјално регистрирани заразени лица од коронавирусот во светски рамки се зголеми за повеќе од 20.000 луѓе. Првите случаи ги потврдија уште четири земји, а досега оздравеа околу 86.000 луѓе.

Во светот има речиси 219 илјади луѓе заразени со коронавирусот, а умреа нешто помалку од 9 илјади.

Во последните 24 часа глобално имало повеќе од 20 илјади нови случаи на зараза, пет илјади повеќе отколку што Кина забележа на врвот на епидемијата во Вухан.

Речиси 40 отсто од заразените оздравеле, околу 86.000, вклучувајќи 70.000 кинески пациенти кои заболеа на врвот на епидемијата во Кина кон средината на февруари.

Во Италија со денешниот ден бројот на заразени надмина 35 илјади, Германија, Иран и Шпанија имаат повеќе од 12 илјади. Уште 12 земји имаат меѓу 1.000 и 10.000 случаи.

Во Русија почина 79-годишна жена со претходни здравствени проблеми што е првиот смртен случај во земјата која досега има 147 заразени, многу помалку од другите европски земји.

Јамајка, Куба и Костарика вчера ги потврдија првите смртни случаи. Салвадор, Фиџи, Нова Каледонија и Маурициус се новите подрачја до кои стигна коронавирусот. Во Британија во која владата сѐ уште размислува за поостри мерки во борбата против коронавирусот се затвора лондонското метро.

Европската централна банка најави вчера откуп на обврзници во вредност од 750 милијарди евра, 120 најави уште минатата недела, а 20 милијарди месечно банката веќе внесува во системот. Вкупно станува збор за 1,1 билион евра.

Одлуката за откуп на обврзници била договорена во телефонски разговор на членовите на одборот на ЕЦБ синоќа како одговор на критиките дека ЕЦБ не подготвила доволно мерки за ублажување на пандемијата на коронавирусот врз економијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…