Home Актуелно Македонија добива безусловна препорака за старт на пристапните преговори со ЕУ

Македонија добива безусловна препорака за старт на пристапните преговори со ЕУ

Според информацијата која ја пренесе вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, амбасадорите на земјите членки на Европската унија доцна синоќа во Брисел постигнале консензус за отворање на преговорите на Македонија за влез во Унијата.

Османи, дополнувајќи дека во текот на денов се чека и нејзино официјализирање.

Препораката е безусловна и за неа согласност постигнале сите 27 земји. По ова, рече Османи, нема никакви пречки за закажување на датум за одржување на првата меѓувладина конференција, која се смета за официјален почеток на преговорите со ЕУ.

Одлука е донесена и за Албанија, но како што информираше Османи, најверојатно почетокот на преговорите на оваа земја со Унијата е задолжен со неколку услови.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…