Во Помпеја пронајден нов скелет на жртва од ерупцијата на Везув


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Археолозите од Италија направија ново археолошко откритие, ископувајќи нов скелет на дете во древниот град Помпеја, на југот на Италија.

Скелетот припаѓа на жртва на ерупцијата на вулканот Везув, на возраст меѓу седум и девет години. Вулканот еруптирал во 79 година п.н.е., прекривајќи го целиот град во неговото подножје со пепел.

Скелетот бил покриен со слој пепел од околу 10 сантиметри, велат археолозите, при тоа додавајќи дека најпрво бил откриен черепот, а понатамошните ископувања ги разоткриле и останатите коски.

Секоја година овој локалитет го посетуваат милиони туристи.