Прогласен за виновен за сексуална злоупотреба: Бил Козби оди во затвор


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако подолго време против него се водеше обвинителна постапка за сексуална злоупотреба, комичарот и актер Бил Козби беше прогласен за виновен по три точки на обвинението. На поротниците им биле потребни повеќе од 14 часа за да донесат одлука.

Американскиот актер и комичар, 80-годишниот Бил Козби, е прогласен за виновен за сексуално злоставување по три точки од обвинението, од кои секоја поединечно носи затворска казна од 10 години.

Актерот бил под истрага за дрогирање и сексуален напад на поранешната кошаркарка Андреа Констанд во 2004. година.

Обвинет е за пенетрација без дозвола, пенетрација додека личноста била во несвест и пенетрација по давање на лекови. Иако секоја казна носи по 10 години затвор, се претпоставува дека Козби можеби ќе добие толку за сите заедно, со оглед на неговата возраст.