Меланија Трамп наполни 48 години – еве што доби од Доналд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меланија Трамп, првата дама на САД која уште од самата победа на Доналд на претседателските избори почна повеќе од него да ги полни медиумите, како со својата атрактивност и стил, така и со своето однесување и потези, го прослави 48-от роденден.

Запрашан што и купил на својата сопруга за 48-иот роденден, претседателот на САД, Доналд Трамп, призна дека „можеби не купил којзнае што“, додавајќи: „Знаете, јас сум многу зафатен“.

Во телефонското интервју за „Fox News“, тој рече дека и зел на својата сопруга „прекрасна картичка“ и цвеќе.

A post shared by Fashion 45 (@fashionfortyfive) on

Меланија Трамп е исто така зафатена. Таа ја планираше државната вечера за францускиот претседател во вторникот. Минатиот викенд присуствуваше на погребот на поранешната американска прва дама Барбара Буш во Хјустон.

A post shared by Diego Carranza (@diecarranza) on

А неодамна двајцата со претседателот беа домаќини на јапонскиот премиер и неговата сопруга на имото во Флорида за дводневна посета.