Home Вебкафе Во пет месеци два пати освои џек-пот од вкупно 3,5 милиони долари

Во пет месеци два пати освои џек-пот од вкупно 3,5 милиони долари

Младиот африкански мигрант Мелхиг Мелхиг кој во Канада од својата родна татковина се преселил пред две години, стана милионер откако имаше неверојатна среќа на два пати во пет месеци биде добитник на највисоката награда на лото игрите на среќа, „грепки“ и да освои вкупно 3,5 милиони долари.

„Би сакал да го подобрам англискиот и да научам некој корисен занает како столарскиот’, вели 28-годишниот Мелхиг Мелхиг на прашањето од претставникот на WCLC-a (Western Canada Lottery Corporation) што ќе прави со толку пари.

По потекло од една западноафриканска земја момчето пред две години со семејството се доселило во Канада.

Во април купил грепка и освоил 1,5 милиони долари а минатиот месец среќата повторно му се насмевнала: овојпат изгребал и’ повеќе – два милиони долари.

Со парите од првата добивка купил куќа во која се вселил со сопругата и децата, а парите од втората добивка ќе ги вложи во иднината и образованието.

Според пресметката на WCLC шансите младиот Африканец да освои џек пот првиот пат изнесувале 1 спрема 900.000, а вториот пат биле и помали – 1 спрема 1,3. милиони.

А колкави се шансите некој да освои џекпот два пати во пет месеци? Немерливи, одговориле од WCLC-a.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…