Во Пакистан трагаат по „исцелител“ кој забил клинец во главата на трудница оти „така ќе родела машко дете“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Пакистан во тек е потрага од страна на полициските служби по исцелител кој и` забил клинец во глава на трудница.

Жената дошла во болницата во Пешавар откако со клешти се обидела да ги извади клинецот долг 5 сантиметри.

Таа првично им кажала на лекарите дека сама се заковала, но подоцна признала дека тоа го направил исцелител кој тврдел дека на тој начин може да гарантира дека ќе роди машко дете.

Д-р Хајдер Кан од болницата Лејди Ридинг вели дека по пристигнувањето жената била „целосно свесна, но имала силни болки“. Жената има три ќерки, а сопругот и` се заканил дека ќе ја остави ако повторно роди девојче. За исцелителот дознала од сосед и отишла кај него за помош.

Во некои посиромашни јужноазиски земји, често се смета дека синот може да обезбеди подобра финансиска сигурност за родителите отколку ќерката.

Религиозните исцелители се релативно чести во некои делови на Пакистан, особено во северозападните племенски области. Нивните практики се засноваат на суфиската традиција, која понекогаш се опишува како форма на исламски мистицизам. Нивните активности се забранети во многу исламски училишта.

Полицијата започнала истрага откако на интернет се појавија рендген снимки од повредата. Тие потоа разговарале со болничкиот персонал обидувајќи се да ја пронајдат жената која ја напуштила болницата откако персоналот и го извадил клинецот од главата, надевајќи се дека ќе им помогне да го идентификуваат мажот.

Полицијата ќе ги испрашува и болничките власти за причините зошто овој инцидент не бил пријавен во полиција кога жената пристигнала во болницата, објави Би-Би-Си.