На скопскиот аеродром слета авионот на „Gullivair“ со кој се отвори авионската линија Скопје-Софија и обратно


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Авионот на авиокомпанијата „Gullivair“ со кој пристигнаа македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и неговиот бугарски колега Николај Сабев, како и туроператори од двете држави, слета на скопскиот аеродром.

На Меѓународниот аеродром Скопје денеска слета авионот од Софија на авиокомпанијата „Гуливер”, со што се реализира првиот лет на таа релација.

Со авионот во Скопје пристигнаа македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и неговиот бугарски колега Николај Сабев, како и туроператори од двете држави.

Активностите ќе продолжат со состанок во Клубот на пратениците на кој треба да се разгледаат можностите и да се дефинирани деталите околу идното сообраќање на авиолинијата, која, според најавите, треба да биде редовна од следниот месец. Воедно треба да се утврдат и туристички пакети коишто ќе помогнат да се зголеми бројот на меѓусебните посети на туристи од двете држави. За исходот е од средбата се најавени изјави за медиумите во Клубот на пратеници 13:30 часот.

Бочварски е во Софија од вчера каде заседаваше меѓуресорската работна група за соработка во областа на инфраструктурата, транспортот и поврзувањето, една од шесте работни групи формирани меѓу двете држави минатиот месец.

Како што соопшти Министерството за транспорт и врски, во рамки на работната група за инфраструктура и патен транспорт предводена од министерот Бочварски, двете страни се согласија на зголемување на квотата на дозволи на 1.500 годишни дозволи за транспорт на стоки за и од трети земји. Исто така, Комисијата направи значителен напредок во преговорите за целосна либерализација на товарниот транспорт.

Авионското поврзување меѓу двата главни града на Македонија и Бугарија е првиот конкретен чекор на соработката што ја најавија по првата средба премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков што се одржа на 18 јануари годинава во Скопје. Една недела подоцна, на 25 јануари, двете влади во Софија одржаа заедничка седница и потпишаа два документа за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје – Софија и за железничкиот Коридор 8.