Во оваа куќа ќе биде симулиран животот на Марс – четири лица една година ќе живеат во неа (снимка)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Четири мали соби, теретана и многу црвен песок – НАСА ја откри куќата во која од јуни ќе бидат сместени четири лица повеќе од една година за да симулира живот на Марс.

Живеалиштето наречено „Mars dune Аlpha“ се наоѓа во истражувачки капацитет на американската вселенска агенција во Хјустон, Тексас.

Четворица волонтери кои ќе живеат таму ќе помогнат во подготовката на идната мисија на црвената планета.

Со мерење на нивните перформанси и когнитивни способности, НАСА подобро ќе ги разбере „ресурсите“ што мора да се обезбедат за време на ова амбициозно патување.