Во најгрдо светло: Објавена снимка од апсењето на Тајгер Вудс (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 Еден од најдобрите играчи на голф во светот, Тајгер Вудс беше уапсен откако полицајци го пронајдо како спие на воланот на својот автомобил.

Полицијата сега објави шокантно видео за тоа како полицијаците го затекнале Вудс додека спие во запалeниот автомобил во раните утрински часови на Флорида.

Снимката го прикажува Тајгер како се ниша, превртува со очите, па дури и спие додека полицијците ги прават тестовите.

Тој на полициајците им изјавиле дека не знае каде се наоѓа и дека тргнал за Калифорнија. Тестовите не покажале присуство на алкохол во крвата, но во неа имало четири различни супстаници, поради што се претпоставува дека мешал различни лекови.

Инаку, Тајгер е еден од најуспешните играчи на голф во сите времиња, а со години се наоѓа на листата за најплатени спортисти во светот.