Живот

Сончајте се здраво: Природни масла за убав бронзен тен

Еден од најдобрите начини да добиете убава бронзена боја на кожата е постепено и паметно да се изложувате на сонце.

За да ја постигнете посакуваната боја, првите неколку денови мора да се мачкате со млеко за сончање со поголем фактор, бидејќи ако веднаш нанесете масло за сончање, ќе изгорите.

Најздрава опција се природните масла, но мора да ги почитувате основните правила, како што се избегнување на сонцето во периодот од 12 до 16 часот, нанесување на заштитни креми и хидратација.

Направете си пилинг на кожата пред да одите на одмор за целосно да е чиста. Се препорачува по само 10-15 минути сончање на секоја страна од телото. Прво добијте некоја боја, па потоа мачкајте се со маслата.

Едно од најдобрите масла за брзо потемнување е маслото од лешници, кој содржи витамин Е. Ова масло најбрзо се впива во кожата.

Кокосовото масло се препорачува за оние со чувствителна кожа, кои за брзо време сакаат да добијат бронзен тен.

И маслиновото масло добро делува кога станува збор за брзо потемнување. Новиот супер трик е да го измешате со чист сок од моркови и тинктура од јод, на чиј начин ем ќе потемнете ем ќе ги спречите евентуалните изгореници.

Маслото од авокадо се препорачува на оние со сува кожа.

Екстрактот од зелен чај најдобро ги спречува изгорениците од сонце. Ја омекнува кожата, но и штити од штетните UV зраци. Најдобро е да го мешате со некое масло.

Advertisements
To Top