Во Кривичен грмнаа чуените и нечуените „бомби“ за фамозниот Мерцедес на Груевски


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во Кривичниот суд вчера беа преслушувани објавени и необјавени прислушувани разговор од предметот на СЈО „Тенк“ за незаконската набавка на луксузниот мерцедес со пари на МВР, за потребите на обвинетиот експремиер Никола Груевски.

„Горде што праиш. За две работи те барам. За тоа на ’М‘, што гледам проспекти овде“, ѝ вели Груевски на второобвинетата Гордана Јанкулоска тогашна министерка за внатрешни работи.

„Да ми ги вратите проспектите, да не утнам нешто. Да биде ко што треба работава“, вели Јанкулоска.

„Почни ја постапката, терај!“, ѝ дава зелено светло Груевски.

Истиот ден на 14.03.2012 година двајцата повторно се слушаат, на повик на Груевски.

„Еве претседателе за Велија збориме. 13-ка за Велија, за другите ќе видиме“, одговара Јанкулоска на прашањето што прави.

Груевски ја прашува пак: „Постапкава до кај е? Треба постапката да ја направиме како што треба, да не ни улета некој друг, пошто е електронска аукција. Ја знаеме рамката, па ако улета, ќе ја поништиме постапката“, вели Јанкулоска.

Околу 18 часот истиот ден Јанкулоска разговара со генералниот секретар Кирил Божиновски, кој бара да биде известен кога ќе се распише огласот за блиндираниот мерцедес за шефот Груевски.

„Со триаголникот ќе биде?“, прашува Кирил.

„Па така го праиме, освен ако не се избаци некој со дупло помала цена“, му одговара таа.

Потоа му кажува дека МВР има проблем со буџетот. Потоа Јанкулоска разговара телефонски со Ѓоко Поповски, тогашен помошник министер за јавни набавки, кој го креирал тендерот за да го добие „Макаутостар“ со блиндираниот мерцедес од 575.000 евра.

„Блиндираниот е преполн со опрема, нема потреба од дополнителна опрема. Човеков се враќа утре од пат, ќе ми прати спецификација“, вели Поповски.

„Од дополнителна опрема може само телевизорче“, му кажува Јанкулоска и додава: „И покрај тоа што знае дека е он, може да улета конкуренцијата. Мртва трка е меѓу нив. Сите се квалитетни, ама ние се договоривме да е он“, потврдува Јанкулоска во разговорот со Поповски.

Потоа на 10.07 2012 година Груевски ѝ го кажува планот на Јанкулоска да глумат дека мерцедесот е на МВР, и дава дозвола да го користат за премиери и претседатели.

„Потоа ќе објавиме дека сме го презеле“, дава насоки Груевски.

Извор: СакамДаКажам