Home Актуелно Во грабеж на менувачница во Сарај, газдата изрешетан во нозете

Во грабеж на менувачница во Сарај, газдата изрешетан во нозете

Синоќа околу 20 часот и 20 минути во трговскиот центар „Сарај“ пред менувачница три непознати лица извршиле разбојништво врз сопственикот на менувачницата.

Едниот од напаѓачите бил вооружан со автоматска пушка, а другиот со пиштол. Тие пукале кон сопственикот на менувачницата при што тој се здобил со повреди на двете нозе и со возило бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…