Свирач на свадба ранет од заскинат куршум


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Музичар на свадба во Сарај бил погоден од заталкан куршум. Тој со прострелна рана во ногата бил пренесен во болница каде што е задржан на лекување, пренесува Макфакс.

Според информациите на МВР, вчера во 13.30 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8 Септември“ било пријавено дека кај нив бил донесен со повреди во пределот на десната потколеница С.С.(43) од Скопје.

Тој бил повреден од заталкан куршум од огнено оружје на свадба во Сарај каде што бил ангажиран како музичар.