Во Бразил откриена фабрика за производство на лажни Ferrari и Lamborghini


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Полициските служби во Бразил открија мал производствен погон за производство на лажни супер автомобили од марката Ferrari и Lamborghini.

Бразилската полиција откри и затвори фабрика во која се произведувале лажни луксузни модели од брендовите Ferrari и Lamborghini.

Полицијата соопшти дека под обвинение за крадење на индустриска сопственост, уапсени се татко и син сопствениците на работилницата во која се правеле лажните Ferrari и Lamborghini која се наоѓала во градот Санта Клара.

Лажните автомобили направени во оваа работилница, сопствениците ги продавале и нуделе на купувачите преку социјалните мрежи по цена од 45.000 до 60.000 долари, што е многу пониска цена од вредноста на оригиналните автомобили.

Полицијата не информирала какви делови биле вградувани во овие автомобили , но објави фотографии од автомобили кои се во фаза на производство со амблеми на овие славни и скапи италијански брендови.

Рацијата била направена по молбите од италијанските компании.

Во акцијата се запленети осум делумно завршени автомобили, а полицијата сега истражува колку автомобили досега биле направени во работилницата и продадени.