Во Албанија повторно почувствувани пет нови земјотреси – еден од 4,3 степени според Рихтер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Албанското тло периодов не мирува. Денес, утрово од седум до девет часот регистрирани се пет нови потреси на албанска територија.

Потрес со јачина од 4,3 степени според Рихтер е регистриран во  8:26 часот со епицентар на 16 километри северозападно од Вора односно 25 километри северозападно од Тирана.

Претходно нешто пред осум часот регистран е земјотрес со јачина од 3,2 степена. Останатите три се со послаба јачина.

Од утрото на 26 ноември,кога беше регистриран разорниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтер, до денес наутро регистрани се 1.376 потреси.

Освен огромната матерјална штета,разорнот земјотрес однесе и 51 жртва, над две илјади се повредени, од кои неколку сеуште се во тешка здравствена состојба.