Бојан Јовановски вратен во ќелијата во Шутка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Директорот за Истражниот затвор Шутка, Есад Рахиќ, изјави дека првообвинетиот Бојан Јовановски од вчера повторно е вратен во притворската ќелија во Шутка.

Апелацискиот суд Скопје на нејавна седница ќе го разгледува барањето за укинување на мерката притвор за обвинетиот Бојан Јовановски. Од второстепениот суд за МКД.мк потврдиле дека адвокатот на Јовановски го повлекол предлогот за јавна седница, по што апелациските судии ќе ја разледуваат жалбата, но сега на седница која ќе биде затворена за јавноста.

Бојан Јовановски минатата недела беше хоспитализиран во Градската општа болница „8-ми Септември”, поради контролни прегледи со упат издаден од доктор во ординацијата во Истражниот затвор.

Неговиот адвокат на прес-конференција пред две недели посочи дека неговиот клиент е сериозно болен, има нефункционален бубрег и праша дали треба да се најде на листата починати за да надлежните се освестат колку е сериозна неговата здравствена состојба.

Катица Јанева, Бојан Јовановски Боки 13 и Зоран Милевски Кичеец се имињата на осомничените со кои Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја затвори првата почната истрага за случајот „Рекет”. На 10 октомври обвинителката Вилма Русковска го поднесе до судот обвинението во кое на три страници се опишани дејствијата за кои таа ќе ги гони осомничените. Дејствијата се од ноември лани, до оваа година во април.