Home Актуелно Во 2019 година украдени криптовалути во вредност од 292 милиони долари

Во 2019 година украдени криптовалути во вредност од 292 милиони долари

Во серија од 12 големи хакерски напади на берзата за тргување со криптовалути во изминатата 2019 година беа украдени дигитални валути во вредност од 292 милиони долари.

Специјализираниот портал CoinTelegraph наведува дека бројот на хакерски напади на криптоменувачници се зголемува од година во година, а дека новиот рекорд бил срушен во 2019 година.

Само во еден напад, на сингапурскиот CoinBene кој се случил минатиот март украдени се криптовалути чија вредност се проценува на околу 105 милиони долари.

Во текот на 2019 година, 11 напади резултирале со кражба на имот, додека во еден напад на израелскиот сајт Coinmama украдени се 510.000 кориснички податоци.

Начинот на кој берзите на криптовалути ги чуваат и ги штитат средствата на своите клиенти се разликува од услуга до услуга и од јурисдикција до јурисдикција, олеснувајќи ги хакерските напади.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Како да се преживее секојдневниот хаос: мини водич за деновите кога сè оди наопаку (ама ние сè уште истрајуваме)

ДА ГО ПРЕЖИВЕЕШ СЕКОЈДНЕВНИОТ ХАОС: МИНИ ВОДИЧ ЗА ОНИЕ ДЕНОВИ КОГА Сѐ ОДИ ПО НАГОРНИЦА (АМ…