Home Актуелно Владата ги намалува рестрикциите на движење – се скратува полицискиот час

Владата ги намалува рестрикциите на движење – се скратува полицискиот час

Почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето.

Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро.

За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне.
Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот.

Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите.

Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро.

Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро.

Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…