Вкусно – превкусно: Лепче со цимет, ѓумбир и сос од чоколадо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Состојки

5 г сув квасец

2 лажици светол кафеав шеќер

450 г бело брашно, плус уште малку за набрашнување

1 лажичка сол

2 лажички рендан ѓумбир

2 лажички цимет

1/4 лажичка морско оревче

290 мл млако млеко

1 јајце, проматено

60 г темна чоколада, крупно исечкана

малку морска сол

100 г темна чоколада

100 г слатка хопла

2 лажици џем од кајсија

тава за печење од околу 23 см

Начин на подготовка

Измешајте ги квасецот, шеќерот, брашното, солта и зачините. Додајте ги млекото и јајцето и измешајте го тестото со дрвена лажица. Пренесете го на малку набрашнета површина и месете додека не стане меко и еластично.

Префрлете го во сад обложен со малку масло, покријте го и оставете да се крева 1 час, додека не се удвои во големина. Откако ќе се крене, извадете го тестото и благо замесете го.

Загрејте ја рерната на 180 степени. Од тестото откинете парчиња со големина на пинг-понг топче и од нив направете топчиња со еднаква големина.

Во средината на подготвеното тавче за печење ставете мал тркалезен огноотпорен сад и околу него наредете ги топчињата тесто, не премногу блиску едно до друго бидејќи им треба малку простор за ширење. Врз нив нафрлете ги парчињата чоколада и морска сол. Покријте го тавчето со пластична фолија и оставете го така уште 30 минути.

Кога тестото ќе набабри и ќе се дуплира во големина, ставете го во рерна и печете го 20 до 25 минути, или додека не стане златно-кафеаво.

Загрејте го џемот во мала тава и премачкајте го лебот.

За сосот за макање, во сад измешајте ги темната чоколада и хоплата и ставете го врз тенџерче со врела вода. Додека водата врие, убаво мешајте додека чоколадата не се стопи. Префрлете го сосот во оладениот сад во центарот на лебот, а потоа кинете од лебот и макајте!