„Вкусно и точка“ – руската верзија на МекДоналдс


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот од десетиците затворени ресторани на американскиот синџир за брза храна МекДоналдс по повлекувањето на брендот од Русија, преземени од руската држава, повторно е отворен во Москва. Но овој пат со нови сопственици и ново име на руски јазик „Вкусно и точка“.

Сопствениците на новиот синџир брза храна велат дека првично ќе бидат отворени 15 ребрендирани ресторани ќе се отворат ширум Русија, а во наредните месеци нивната бројка ќе се прошири.

Во новите ресторани десетици Руси денеска почекаа ред на познатата локација во Москва каде Мекдоналдс првпат ги отвори вратите пред 30 години за да ги пробаат новите хамбургери и помфрит.

Олег Пароев, извршен директор на компанијата што ги презема капацитетите на Мекдоналдс, рече дека планираат повторно да отворат 200 ресторани во Русија до крајот на јуни и сите 850 локации низ целата земја до крајот на летото.

Наша цел е гостите да не забележат разлика ниту во квалитет, ниту во амбиент“, изјави Пароев на прес-конференција, цитиран од новинските агенции.

Пароев рече дека новиот синџир ќе ја задржи својата стара внатрешност на Мекдоналдс, но ќе ги отстрани сите референци на неговото старо име.

Повторното отворање на продавниците за брза храна се смета за еден тест за тоа дали и како руската економија може да ги издржи западните санкции наметнати откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари.

Во моментот на повлекувањето од Русија, Мекдоналдс соопшти дека вработува 62.000 работници низ целата земја.